Далеку сме од потполн опоравок
2 август 2009Во редовното радио обраќање Обама, осврнувајќи се на неодамнешниот економски извештај, на сограѓаните им порача: „Бизнис инвестициите покажуваат знаци на стабилизација. Тоа значи дека бизнисот ќе се најде во фаза на подем и тоа ќе им личи на луѓето како опоравување од кризата. Но, промените не може да се случат преку ноќ и, како што реков и порано, ќе поминат повеќе месеци додека да се извлечеме од рецесијата, што беше дури и подлабока од она што можевме да си замислиме“, истакна американскиот претседател Барак Обама.
Според извештајот на Одделот за трговија, стапката на опаѓање на бруто домашниот производ во вториот квартал на годината изнесува еден процент, што е значително подобрување во однос на првиот квартал, кога изнесуваше 6,4 проценти.
Автор: АТ / ГЧ / миа / дв
Редактор: Горан Чутаноски