Дакс индексот достигна рекордно ниво
13 јули 2007Реклама
Висината на берзанскиот индекс на германското стопанство, Дакс достигна рекордно ниво. Германскиот берзански барометар достигна 8.151 поени, со што е достигнато ново рекордно ниво на сите времиња. Вчера и од Волстрит во Њујорк се јави нов рекорд. Берзата затвори со рекордни 13.862 поени на Дау Џонс индексот.