Г-8 Боно
16 мај 2007Реклама
Според информациите на африканската организација за помош ДАТА, Германија е далеку од исполнувањето на ветувањата за Африка дадени во рамките на Групата 8. Тоа важи и за САД, Италија, Франција и Канада, се вели во извештајот објавен вчера во Берлин непосредно пред самитот на оваа група во Хајлигендам. Единствено Јапонија и Велика Британија ги исполнија своите ветувања. Организацијата ДАТА ја поддржуваат и музичарите како Херберт Гринемајер, Боб Гелдоф и Боно.