1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките претрпиемачи очекуваат реформи

Панајотис Купаранис/ Александра Трајковска 17 јуни 2012

Грчките претприемачи не стравуваат од победа на левичарскиот сојуз Сириза. Тие меѓутоа очекуваат по парламентарните избори да се формира влада и да напредуваат структурните реформи.

https://p.dw.com/p/15C2T
Фотографија: DW

Психотерапевтот Димитрис Афтосмидис финансиски неможе да излезе на крај и покрај тоа што работи 80 часови неделно. Шефот на медицинската ординација со повеќемина вработени во Солун од почетокот на годинава нема примено хонорар од државната институција за социјално осигурување. Сега тој и неговите колеги се закануваат дека нема да примаат пациенти со државно здравствено осигурување. Аптеките се пример за тоа: лекарства издаваат само за пари.

Виновни за ваквата ситуација се, смета Афотсмидис, постојаните кратења во државниот буџет. На нив опстојуваат кредиторите ЕУ и ММФ. И како тоа да не е доволно, дополнува Афтосмидис, сега уште ќе им кажуваат на Грците како требало да се однесуваат на изборите. Недостасува уште, „да ни препорачаат, која личност треба да ја избереме“. Ако продолжи овој притисок, тогаш би било можно грчките избирачи, како и на последните избори да се покажат како „лошите момчиња на Европа, кои се однесуваат поинаку отколку што препорачуваат европските водачи“.

Без страв од Сириза

Сосема поинаков е ставот на Киријакос Харакидис. Претприемачот и градоначалник на северногрчкиот град Драма посакува влада, која ќе се придржува до спогодбата со кредиторите, особено што се однесува до спроведувањето на структурните реформи. Харакидис беше избран како кандидат од листата на социјалдемократскиот Пасок и умерената мала левичарска партија Димар.

Stimmung vor der Parlamentswahlen
Киријакос Харакидис, прептриемач и градоначалник на ДрамаФотографија: DW

Дали победа на левичарскиот сојуз Сириза, му предизвикува главоболка? Не, одговара Харакидис. Тој меѓутоа бара од Сириза единствен став, конкретни предлози и пред се’ подготвеност за соработка со кредиторите. „Ако нема соработка“ предупредува Харакидис, „тогаш ќе останеме препуштени сами на себе, и тоа не на отворено море, туку среде океан“.

Страв од победа на Сириза не се изнесува никаде. Во кругови на грчките претприемачи се чини дека не се сфаќаат сериозно најавите на шефот на партијата Алексис Ципрас, дека ќе ги анулира кредитните договори во случај на победа на изборите. Но, тие сметаат дека мора да се преговара за некои од обврските, оти тие го попречуваат порастот во Грција.

Федерико Лазаридис, еден од најпознатите претприемачи во земјата, чии вина стигнаа и до винската визба на Белата куќа, потсетува дека за танго се потребни двајца. Меѓу партнерите во ЕУ нема да помине, „ако едниот вели нема да го спроведам она што го договривме, а другиот да опстојува на тоа: ќе го правиш сето она што го договоривме“. Би било разумно ако повторно се постигне согласност за приоритетите и временскиот план за спроведување на условите. Со оглед на тоа што двете страни како цел имаат модерна и функционална грчка држава.

Stimmung vor der Parlamentswahlen
Федерико Лазаридис, сопственик на винарска визбаФотографија: DW

Реформи мора да има

И покрај тоа што Федерико Лазаридис извезува околу една третина од неговата винска продукција, неговото претпријатие го чувствува економскиот крах на Грција.

Поинаку е со Стаматис Курудис од северногрчкиот град Комотини. Економски стои добро, оти неговата продукција на памучни влакна не е наменета за грчкиот пазар, туку за странство. Сепак и тој е загрижен околу актуелната политичка состојба во Грција. Тој смета дека Грците се’ уште не се убедени во неопходноста на опсежните реформи. Причина за тоа било што досега не е постигнато разбирање ниту за економските проблеми на земјата, ниту за тоа како да се решат. „Затоа“, смета Курудис „воопшто не сум оптимист - сеедно каква влада ќе биде формирана“.

Stimmung vor der Parlamentswahlen
Стаматис Курудис, текстилен претприемачФотографија: DW

Секоја идна влада ќе биде принудена, да спроведе реформи и покрај големиот отпор меѓу грчкото население. „Прашањето е, како владата ќе се справи со овој отпор, како ќе го надмине и ќе ги убеди луѓето дека тие се неоходни?“ Имено, претпримачите немаат илузии секоја влада ќе мора да даде одговор за кризата, а болните и непопуларни мерки ќе бидат дел од тој одговор. Која политичка партија на крајот ќе победи и ќе формира влада, тоа е речиси второстепено.