1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчката амбасадорка во Македонија најверојатно отповикана

Александар Чомовски 10 јули 2007

Амбасадорката на Грција во Македонија Гросоманиду пред неколку дена била повикна во Атина на разговор поради нејзина изјава околу спорот со името во Фајненшл Тајмс.

https://p.dw.com/p/BEWT
Атина најверојатно ја отповика грчката амбасадорка од Скопје

Грчката амбасадорка во Македонија Теодора Гросоманиду ајверојатно е отповикана од функцијата со решение на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Гросманиду пред неколку дена била повикана во Атина поради нејзината изјава околу спорот со името дадена за Фајненшл Тајмс. Во неа таа вели дека Грција треба да се соочи со реалноста оти повеќе од половината држави од светот ја признаа Македонија под уставното име. Според електронското издание на весникот Та Неа на Гросоманиду и се префрлува зошто воопшто се согласила за изјава во весникот. Според истиот весник Гросоманиду треба да ја замени Александра Пападополу, досегашен заменик грчки амбасадор во Обединетите Нации.