1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција со продолжено работно време ќе ги привлекува туристите

СН/ЖА/фн/мф25 јули 2013

Грција годинава очекува јакнење на клучниот стопански сектор - туризмот и продолжувањето на работното време на продавниците е еден од чекорите кои треба да придонесат во остварувањето на таа цел.

https://p.dw.com/p/19DyR
Фотографија: DW/D.Grathwohl

Парламентот на Грција одобри вчера закон со кој се продолжува работно време на продавниците, кои сега ќе можат да работат и во недела, во обид да ги поттикнат туристите да трошат повеќе, што би имало стимулирачки ефект за домашната економија погодена со криза.

Грчките законодавци денеска го изгласаа прописот со кој им се овозможува на стоковните куќи да работат седум дена во неделата преку цела година, а на малите продавници исто така ќе им биде дозволено да работат во недела.

Според досегашните закони  повеќето продавници беа затворени во недела.

Асоцијацијата на малите продавници, левичарските опозициски партии и претставници на грчката православна црква силно се противат на новите мерки, против кои синоќа во Атина беа организирани протести.

Грција годинава очекува јакнење на клучниот туристички сектор а според податоците на Банката на Грција во првиот квартал годинава, земјата ја посетиле повеќе од еден милион туристи, што е за 4,6 насто повече од истиот период минатата година.