1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: Победа со проблеми

Јанис Пападимитру / Александра Трајковска18 јуни 2012

По неизвесните избори резултатот сега е јасен: грчките гласачи довербата и‘ ја дадоа на конзервативната Неа демократија. Партијата може да формира проевропска коалиција со социјалистите, доколку се спогодат околу тоа.

https://p.dw.com/p/15GuP
Фотографија: Reuters

Според првичните резултати партијата на поранешниот министер за финансии и министер за надворешни работи Антонис Самарас е победник на изборите во Грција, со освоени 29,7 проценти од гласовите. Сојузот на радикалните левичари Сириза, кој сака да го анулира актулениот курс на штедење, е на второ место со освоени 26,9, додека на трето место се социјалистите со освоени 12,3 проценти.

По долги години политичка изолација, шефот на конзервативната партија Антонис Самарас синоќа (17.06) се презентираше како победник на изборите, без да освои апсолутно мнозинство. Тој повика на формирање влада на национално единство и увери дека Грција ќе ги исполни своите обврски.

Самарас на првата прес конференција по изборната победа воопшто не спомена „нови преговори“, зебележуваат набљудувачите. Дипломатски изјави дека на актуелниот курс на штедење „би требало да му се дополнат елементи на нова политика“.

Лидерот на левичарскиот сојуз Алексис Ципрас, кој изненадувачки беше втора политичка сила по минатите вонредни избори, овојпат уште повеќе го подобри изборниот резултат и смее да се нарече водач на опозицијата. Првпат по 1958 година една левичарска партија освои речиси 27 проценти гласови. Вината за тоа што партијата не е победник на изборите, Ципрас ја лоцираше кај оние „во земјата и странство“ кои го уценувале грчкиот народ. Од агол на левичарската партија, изборите не беа референдум за еврото, туку можност да се казнат партиите со долга традиција за нивната вина за економската криза. Ципрас уште синоќа одби коалициски преговори.

Parlamentswahl Griechenland Alexis Tsipras
Алексис Ципрас одби коалициски преговориФотографија: AP

На овој начин одлучувачката улога ќе и‘ падне на третопласираната социјалистичка партија Пасок. Според освоениот број гласвои, двете проевропски партии би можеле да формираат коалиција - во Парламентот тие ќе имаат 162 мандати, 12 повеќе од потребните за апсолутно мнозинство. Шефот на социјалистите Евангелос Венизелос синоќа меѓутоа изјави дека неговата партија ќе учествува во коалиција само тогаш ако се вклучи и левичарската партија. Доколку Венизелос остане на овој став, би можел алтернативно да толерира малцинска влада од Неа Демократија, доколку конзерватиците воопшто се согласат на тоа.

Како потенцијален коалиционен партнер, иако не може да обезбеди мнозинство, предвид би дошла и партијата со социјалдемократска ориентација Демократска левица, која освои 6,25 проценти гласови. Лидерот на партијата Фотис Кувелис се изјасни дека „ќе се бори за да се формира влада“. Меѓутоа, според политичките аналитичари, оваа партија би учествувала во коалициона влада, ако и социјалистите се согласат на коалиција.

Parlamentswahl Griechenland Evangelos Venizelos
Евангелос Венизелос изјави дека неговата партија ќе учествува во коалиција само ако се вклучи и левичарската партијаФотографија: AP

Изненадувачки добар изборен резултат постигна деснорадикалната Златна зора. Иако според анкетите имаше слаби резултати, оваа десничарска партија влезе во парламентот со 7 проценти гласови. Лидерот на партијата Николаос Мохалолиакос по изборите предупреди, дека ќе ја продолжи својата борба во парламентот и надвор од него.