1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција останува на ставот за сложено име со географска одредница

АТ/ миа31 јули 2012

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Константинос Циарас го повтори ставот на официјална Атина: сложено име со географска одредница за секаква употреба, е решение за спорот за името.

https://p.dw.com/p/15h2v
Фотографија: AP/DW Fotomontage

Позицијата на грчката надворешна политика во врска со името на Македонија останува сложено име со географска одредница за секаква употреба, повтори заменик-министерот за надворешни работи Константинос Циарас, одговорајќи на пратеничко прашање во парламентот.

„Владата води цврста политика која ја поддржуваат мнозинството политички сили во земјава. Во 1995 година потпишавме договор со ПЈРМ за изнаоѓање заемно прифатливо решение. Во овој договор земјата се нарекува Поранешна jугословенска Република Македонија, што беше прифатено во ОН. Ние јасно ја дефиниравме рамката за решение: име со географска одредница за секаква употреба. Географски опис кој укажува на фактот дека еден дел не може да ја претставува целината“, изјави Циарас.

Според него, кога ќе има предлози кои се совпаѓаат со ставот на Грција, тие можат да бидат основа за преговарање. Циaрас информира дека преговорите во ОН се доверливи и никој не може да го предвиди исходот. 

Пратеникот на Златна зора Крис Папас во парламентот повторно го покрена прашањето „да не се дозволи употреба на терминот Македонија или негови деривати во името на соседот“. Потенцирајќи дека министерот за надворешни работи Аврамопулос прифатил употреба на сложено име, тој праша „од каде Аврамопулос ја донел таа одлука и дали води тајна дипломатија за името“. „Македонија не е име на бренд за да може да се дава. Не смее да се изнајмува ниту да се дозволи да се употребува некаде“, рече пратеникот на неонацистичката партија.