Грците протестираат поради карневалскиот „погреб“
19 јануари 2012Реклама
Грчкото Министерство за надворешни работи испрати демарш до македонското МНР, заради , како што е наведено, „провокацијата на карневалот во Вевчани“.
Шефот на канцеларијата за врски во Скопје, амбасадорката - Александра Пападопулу, се пожалила на односот на македонските власти, кои не го осудиле настапот на вевчанци кои на манифестацијата извршија „погреб на Грција“ и го запалија грчкото знаме.
Пападопулу побарала од македонското МНР да го осуди овој чин и да спречи во иднина вакви и слични настани, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи.
Од македонското МНР ја разгледуваат нотата на грчките колеги.
Автор: БГ/ АТ/ миа
Редактор: Ж. Ацеска