1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грузија – вонредна состојба

14 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CDn1

По домашниот и странскиот притисок, вонредната состојба во Грузија ќе биде укината порано од планираното. Претседателката на парламентот Нино Бурџанадзе, блиска соработничка на претседателот Михаил Сакашвили изјави дека Грузија од петок се враќа во нормална состојба. Сакашвили вонредната состојба ја воведе пред една недела, по масовните демонстрации на опозицијата. За смирување на ситуацијата придонесе и неговото решение, за предвремени претседателски избори на 5 јануари што го бараше опозицијата.