1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски ќе сосотавува нова влада

Александар Чомовски6 јули 2006

Според досегашните резултати од парламентрните избори во Македонија во водство е колаицијата „За подобра Македонија“

https://p.dw.com/p/Ac5C
Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ
Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕФотографија: AP
Никола Груевски ќе ја составува новата влада. Државната изборна комисија уште ги пребројува гласовите, но потврди дека води коалицијата „За подобра Македонија“ . Покрај партнерствотот со партијата од албанскиот блок на ВМРО ДПМНЕ ќе му треба уште еден партнер од ново формираните партии ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски или НДСП на Тито Петковски.