1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски ќе добие две пораки од Барозо

2 декември 2009

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо се подготвува да се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски, доцна попладнево (02.12.2009), во седиштето на европската извршна власт.

https://p.dw.com/p/Kno7
Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

Европската комисија попладнево на македонскиот премиер Никола Груевски ќе му пренесе две основни пораки – Македонија ги исполни критериумите за почеток на претпристапните преговори, но спорот за името останува пречка на тој пат. Барозо чека да слушне кои се плановите на македонската влада за надминување на овие прашања, најави портпаролот на Европската комисија Амадео Алтафаж:

„Претседателот Барозо ќе се осврне на последниот извештај на Европската комисија во октомври кој го признава напредокот направен од страна на ПЈРМ, што значи дека ние препорачавме старт на преговори со Европската унија. Другата точка што ја подвлековме во октомври, и за која претседателот Барозо ќе разговара со премиерот Груевски, е дека оваа препорака треба да биде разбрана како дополнително охрабрување да се реши спорот за името на државата со Грција.“

Jose Manuel Barroso
Жозе Мануел Барозо ќе порача дека Македонија ги исполни критериумите за почеток на претпристапни преговори, но спорот за името останува пречка на тој патФотографија: AP

Никогаш не е доцна

Неизвесно е дали една од двете страни ќе отвори други прашања на денешната средба, со оглед на тоа колку во моментов е жешко прашањето за името.

Дипломатски извори во Брисел и‘ препорачуваат на македонската страна да не се откажува од амбицијата да добие датум за преговори на седми декември, да ја искористи денешната средба за да демонстрира максимална конструктивност во спорот, да се повика на одговорноста на Европската унија во европската интеграција на Западниот Балкан, и да побара од Барозо да изврши еднаков притисок врз Атина.

За да може да го постигне тоа, Скопје мора денеска пред претседателот на Европската комисија да даде гаранции и за нејзиниот придонес и заложба во решавањето на спорот со Грција.

По средбата со Папандреу, надежите за добивање датум на претстојниот министерски состанок значително се намалија. Сепак, никогаш не е доцна сметаат европските дипломати и овој период, сите контакти и средби мора да се искористат максимално, особено што се‘ уште претседателството на Унијата е во рацете на Швеѓаните кои имаат многу поголем интерес и слух за Балканот отколку идните претседателства – Шпанија и Белгија.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска