1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: И Македонија има свои црвени линии, како и Грција

4 октомври 2009

Независно од тоа кој ќе победи на денешните парламентарни избори во Грција, Македонија ќе бара конструктивни начини за решавање на спорот со Грција, изјави денеска (04.10.2009) македонскиот премиер Никола Груевски.

https://p.dw.com/p/JxVa
Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

Според Груевски, независно што ќе се случи на изборите во Грција, Македонија сака да најде решение за проблемот што, како што рече, Грција, на некој начин, и‘ го наметна.

„Независно кој ќе победи ќе бараме конструктивни начини да се дојде до решение и Македонија да ги продолжи своите евроатлантски интеграции. Како и тие, и ние имаме свои црвени линии, важни работи, така што тоа продолжува да биде дел од разговорите. Ние ќе бараме решение за подобрување на односите со Грција и за изнаоѓање на решение за спорот“, изјави Груевски.

Македонскиот премиер рече дека не може да каже кога ќе биде следната средба со медијаторот од ОН во разговорите за името, Метју Нимиц, кој по последните разговори во Њујорк најави нивно интензивирање по изборите во Грција.

„Тоа зависи од него“, посочи Груевски. Тој тврди дека не планира реконструкција на владата пред извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, кој треба да биде објавен на 14 октомври.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа