Граѓаните не им веруваат на ветувањата
31 мај 2006Реклама
Зошто сеуште над 50% од електоратот во Македонија не знае или не сака да гласа? Експертот Наташа Габер Дамјановска, вели:
“Значи дека веќе нема доверба, значи дека постои резигнираност и дека бараат некоја нова промена, радикална промена на подобро во нивниот живот. Тоа е нормално. Но, таков е изборниот модел. Ние ќе имаме онаков парламент, каков што ќе решат гласачите коишто ќе излезат на гласање. Оние што ќе излезат го детерминираат резултатот и тоа каков парламент ќе имаме. Можеби е подобро луѓето сепак да излезат на гласање и да одлучат на некој начин, која опција е поприфатлива. “
Инаку, вечерва треба да бидат промовирани кандидатските листи на коалицијата околу ВМРО ДПМНЕ, а утре на сојузотпартии околу СДСМ.