1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Графити за успех против невидливиот непријател

4 декември 2020

Веќе 9 месеци трае акцијата на уличните уметници во Ломе, главниот град на Того за подигање на свеста на сограѓаните за превенцијата на коронавирусот. Веројатно и тие имаат свој удел во успешното ограничување на ширењето на вирусот во земјата.

https://p.dw.com/p/3iUfB

Того, имено, е меѓу земјите кои досега се релативно лесно погодени од пандемијата. Според официјалните податоци од појавата на коронавирусот во март годинава во земјата се регистрирани вкупно 3039 случаи на Ковид-19 и 65 починати од болеста.  Бројки, кои изгледаат, неверојатно, кога ќе се споредат со податоците од многу други земји и кои укажуваат на успешно ограничување на ширењето на вирусот во земјата. Освен строгите мерки за заштита воведени во земјата, за тоа придонесуваат граѓанските акцииза подигање на свеста за важноста на превентивните мерки. Една од нив е и онаа на групата на улични уметници „Логоне Граф Кру“, која трае веќе девет месеци. Повеќе за неа во насловното видео.