1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гордон: Вратите на НАТО отворени за сите демократски земји во Европа

ЕМФ/миа11 мај 2012

Некои земји-членки на НАТО се скептични во однос на проширувањето на Алијансата, но САД сметаат дека вратите остануваат отворени за демократските земји во Европа.

https://p.dw.com/p/14tdq
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

Пораката беше испратена преку американскиот помошник-државен секратар за прашањата за Европа и Евроазија, Филип Гордон во вчерашното обраќање до Сенатот. Како единствена причина за тоа дека на претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 20. и 21. мај во Чикаго, нема да се разгледува прашањето за приклучување на која било земја, Филип Гордон го посочи фактот дека секој случај треба да се разгледа индивидуално.

„Ќе бидам искрен. Сите членки на НАТО не гледаат со ентузијазам на проширувањето. Понекогаш е потребно време за решавање на проблемите“, изјави американскиот дипломат.

Philip H. Gordon US Aussenministerium
Филип Гордон имаше обраќање во СенатотФотографија: AP

Гордон истакна дека Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија тесно соработуваат со НАТО со цел да ги исполнат критериумите за членство во Алијансата.

Американскиот претседател Барак Обама и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја разгледаа програмата на претстојниот самит и се согласија дека вниманието треба да биде насочено кон три главни теми - ситуацијата во Авганистан, развојот на одбранбените способности и проширувањето на партнерството во рамки на Алијансата.