1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем број жртви во заложничката драма во Беслан

3 септември 2004
https://p.dw.com/p/AcLU
Исчекување, страв, ужас...теророт ја постигна целта?!
Исчекување, страв, ужас...теророт ја постигна целта?!Фотографија: AP

Во градот Беслан во Северна Осетија, според најновите податоци, далеку над 150 луѓе го загубија животот при нападот на специјалните единици на руските безбедносни сили врз училиштето, во кое чеченски екстремисти држеа повеќе стотици лица како заложници, меѓу нив и голем број деца. Руските власти известија дека само во фискултурната сала на училиштето имало околу 100 тела на загинати. Според извештаи на московски медиуми,еден дел од нив настрадале при уривањето на поикривот на салата. Бројот на повредени достигна преку 400 лица. Многумина од нив се со тешки повреди.

Валериј Алексеев, раководител на локалниот оддел на руската внатрешна тајна служба ФСБ, соопшто дека биле убиени 20 гранбивачи и оти 10-мина од нив биле граѓани на арапски држави. Во делови на градот и натаму има престрелки. Пред акцијата на руските специјалци, една група од 30 заложници успеа да побегне од училишната зграда. Не е јасно дали нивното бекство или нешто друго ја предизвика акцијата на специјалците, зашто властите тврдат дека напад не бил планиран. Повеќе експлозии ја потресоа училишната зграда.

Терористите ги држеа заложниците од среда наутро. Ослободените заложници опишуваа брутални малтретирања и зборуваа за ужасни околности внатре во училиштето. Грабнувачите, за кои се претпоставуваше дека се чеченски командоси-самоубијци, во преговорите со локалните власти побарале независност на Чеченија.

Германскиот експерт за тероризам Елмар Тевесен во разговор за телевизијата ЦДФ укажа на ефектот на терористичката акција:

“Независно од тоа, што го предизвика нападот изутрината, она што се случи сепак во кругови на терористи ќе биде оценето како голем успех: земјата а и светот се турнати во страв и ужас, зашто достигнат е наредниот степен на ескалација со земање деца како заложници. Кај овие терористи типичен белег е дека тие се простиле од животот, односно веруваат дека веќе нема што да загубат. Тие одат на една вакво место и земаат заложници за и самите да умрат, предизвикувајќки колку што е можно повеќе страв и ужас”.