1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема побарувачка за бункери!

Анвар Ашраф
3 мај 2017

Тензиите околу Северна Кореја се причина многумина Јапонци да купуваат сопствен атомски бункер. Мала фирма од Осака не може да ги наваса порачките.

https://p.dw.com/p/2cHGd
Japan Bau dir deinen nuklearen Bunker
Фотографија: REUTERS/K. Kyung-Hoon

Продажбата на атомски бункери, со оглед на актуелните тензии околу Северна Кореја, во Јапонија е исклучително зголемена.

Малата фирма од Осака, ЦЕО Шелтер компанија, е специјализирана за производство на атомски бункери. Нејзиниот директор Сеихиро Нишимото има изградено еден модел-бункер во својот подрум.

„Откако Доналд Трамп стана американски претседател и Северна Кореја зачестено врши лансирање на ракети и изведува атомски тестови, заинтересираноста е повеќекратно зголемена во однос на минатото. Во моментов имаме околу 400-500 заинтересирани и повеќе порачки. Околу 40 до 50 муштерии веќе ги најавија своите нарачки“.

Нуклеарните бункери кои ги произведува претпријатието од Осака имаат опрема за прочистување на воздухот и блокирање на штетното зрачење. Бункерите се опремени и со залихи од храна.

Пјонгјанг се закани со натамошно изведување атомски тестови, „во секое време и на која било локација“.

Јагма за бункери!