1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

14 декември 2011

Кинескиот државен концерн Сани инвестираше 100 милиони евра во местото Бедбург во германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Тоа е најголема кинеска инвестиција во Европа досега.

https://p.dw.com/p/13SXk
Седиштето на кинескиот концерн Сани за Европа е во германскиот БедбургФотографија: DW/Z.Danhong

Таа стои во германското место Бедбург од летото- првата од повеќето производни фабрички хали. Тука кинескиот државен концерн Сани произведува мешалки и пумпи за бетон. 100 милиони евра чинеше оваа фабрика.

Германските стандарди се највисоки во Европа

Тоа е најголемата директна инвестиција на Кина досега во Европа. Но со сигурност не и последна, бидејќи кинеското раководство со таквите проекти следи една стратегија.

Eröffnung Fertigungshalle Baumaschinen Sany China
Производната хала на Санз во БедбургФотографија: DW/Mathias Bölinger

„Ние целиме на европскиот пазар, затоа нашите производи треба да го достигнат европскиот стандард. Германските стандарди се највисоки во Европа“, вели Хе Донгдонг, шеф на Сани за Германија.

Кинескиот државен концерн Сани има намера да го прошири проектот во Бедбург. Тоа одговорара на вкупната слика, бидејќи во последните десет години, Кина повеќекратно ги зголеми инвестициите во Германија.

Автор: Уте Валтер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска