Голема брана во Калифорнија под закана да попушти
13 февруари 2017Околу 180 илјади луѓе во северна Калифорнија мора да бидат евакуирани поради заканата од распукнување на најголемата брана во регионот. На одливниот канал за вонредни ситуации се забележуваат големи штети од ерозија, предупреди националната метеоролошка служба. Доколку дојде до распукнување би морало да се смета на неконтролирано поплавување на областите во близина на браната. Постројката се наоѓа на околу 125 километри северно од калифорнискиот град Сакраменто.
За да биде спречена катастрофа, надлежните власти засега големите количества вода повторно ги насочуваат преку главниот одвод на браната. Оштетениот канал за вонредни ситуации беше ставен во употреба во минатата недела, за првпат во историјата на 48 години старата брана, Тој требаше да го растовари главниот одводен канал, кај кој истотака се забележани штети од ерозија. 235 метри високата и околу 2300 метри долгата брана го формира вештачкото езеро Оровил и е во функцијата на производство на електрична енергија.
Делови од Калифорнија беа поплавени во изминатите денови поради поројните дождови. Жителите на бројни места мораа да ги напуштат соите домови , откако реката Дан Лоренцо се излеа од коритото.
Водените маси ја изненадија оваа американска сојузна држава по неколкуте години сушен период.