13 јули 2020
Реклама
Пандемијата на коронавирусот го смени и вообичаениот тек на изборниот процес во Северна Македонија. За првпат се гласа во период од три дена, за првпат и среде недела, и тоа со посебни мерки за заштита како за граѓаните, така и за членовите на избирачките одбори. В среда, на 15 јули, гласањето ќе трае до 21 часот за да се избегнат турканици на гласачките места, и да им се остави на граѓаните повеќе простор и време слободно да ја изразат својата волја.
Еве како ќе изгледа гласањето согласно новите протоколи на здравствените власти.