Главно е да се има добра забава!
Трки во кал, фрлање чизми, Крејзи кросинг - во Германија има многу натпревари на кои се одмерува силата или брзината или умешноста, а целта е добрата забава. Ги прикажуваме најлудите летни настани.
Трка со санки во кал
Во Уплевард, во германската покраина Долна Саксонија, секоја година се одржуваат трки со санки во кал. Светското првенство годинава се одржа по 31. пат, а учествуваа 24 екипи од четири земји.
Фрлање стебла
Она што во Шкотска се прави со векови, во Германија станува се‘ поомилено. Во Гросголтерн, во Долна Саксонија, по четврти пат се одржаа Scottish Highland Games. Целта на игрите е стеблото да се фрли што подлаеку и во што е можно поисправена положба. Сетблата се тешки меѓу 35 и 60 килограми.
Бркање крави
Французите и Холанѓаните се најдобри каубојци во Европа, зашто тие победија на Европското првенство во фаќање крави. Првенството се одржа во селцето Ајнед, во покраината Тирингија. На ЕП учествуваа над 100 јавачи од Италија, Германија, Франција, Белгија, Холандија и Австрија.
Фрлање гумени чизми во далечиња
Легендата вели дека фрлањето гумени чизми е изум на финските морнари уште пред 120 години. Чизмите се фрлаат како диск. Првото Светско првенство во Германија се одржа во 2007 година, во Дебелн, во покраината Саксонија.
Крејзи кросинг
Дванаесет авантуристички тимови учествуваат на Крејзи кросинг во Хановер. Целта е со чамци кои се рачна изработка да се мине патеката од 300 метри и притоа да се надминат некои пречки. Сето тоа проследено со прекрасна сценографија, односно извонредни костуми.
Обоена трка
Најлудата трка на далечина од пет километри оваа година се одржа по вторпат во Германија. Во Минхен се сретнаа 5500 спортисти. Манифестацијата е инспирирана од индискиот пролетен фестивал Холи, на кој тркачите се гаѓани со различни бои.
Спортско цепење дрва
На германското првенство во цепење дрва во Минхен годинава учесниците мораа, меѓу другото, да го исечат врвот на стебло високо 2,80 метри. Првак станува оној кој најбрзо ќе ги заврши успешно задачите во шест дисциплини.
Трчање во кал со пречки
„Дали си подготвен за екстремна трка со пречки во кал?“ Ова е прашање кое го има на рекламата за Tough Mudder во Келтвиц, во германската покраина Бранденбург. Учесниците мората во тим да минат 18-километарска патека со неверојатно тешки пречки.
Забава во кал
Во колку многу кал учесниците на Tough Mudder мораат да се валкаат е добро видливо на оваа фотографија. Но забавата е на прво место!