1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гејтс во Ирак

16 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxKr

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, се наоѓа во кратка посета на Багдад. Гејтс се сретна со амерканските команданти. На разговорите стана збор за засилување на американските трупи, што во меѓувреме е завршен процес. За време на кратката посета Гејтс со премиерот Нури ал Малики има намера да разговара за така нареченото национално помирување на завојуваните групи. Притоа ќе се изврши притисок врз раководството на Ирак да усвои закони кои ќе придонесат да се спроведува овој процес.