1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците се` повеќе мигрираат

18 декември 2007

Рекорден број Германци ја напуштаат Германија - од доктори кои бараат двојно поголеми плати во Швајцарија, до пензионери кои сонцето го бараат во Шпанија. Моќните тргуваат во Скандинавија, студентите сонуваат за САД

https://p.dw.com/p/Cd6c
Германско семејство во НорвешкаФотографија: kabel eins

Бројката емигранти е на највисоко ниво од пост ерата на втората светска војна. Германија има два музеја посветени на историјата на феноменот и најмалку четири телевизиско шоуа.

Додека живееше во Берлин, 31 годишниот фотограф Јирген Хорн направи голем број потрети и слики од некогаш поделениот град, слично како стотици други уметници во растечкиот конкурентен и креативен главен град. Но откако во минатиот септември тој се пресели во Ирска во потрага по мирно место за работа, неговите фотографии и проспекти добија светлина. Тој започна да работи со сопствена интернет компанија:

„ Мислам дека е многу полесно да се започне сопствен бизнис во Ирска. Тука има помалку бирократија. На пример многу е лесно да се отвори банкарска сметка. Исто така доколку како фирма имате седиште во оваа земја имате повеќе даночни олеснувања„

Јирген Хорн е еден од 155.000 германци кои емигрираа во 2006 година. Социологот Јирген Шуп од германскиот институт за економски истражувања за ваквата појава објаснува:

„ Не заминуваат само старите луѓе, младите или високо квалификуваните. Сите групи се претставени. Но имаме некои показатели според кои посебно во Европа има многу невработени, привремено невработени, кои заминуваат од земјата„

Привлечни се и земјите во развој

„ Добар ден, и букерс Германија, моето име е Кристина Херманс„

Последните три години Кристина работи во Њу Делхи во Индија, во европска интернет туристичка агенција. Нејзината комапнија плаќа за сместување, транспорт, електрична енергија и осигурување. Нејзината плата таа повеќе сака да ја добиваа во рупи, локалната валута, не во евро.

„ Кога ќе помислам колку би заработувала во Германија со оглед на тамошните животни трошоци, мислам дека е исто. Тука животот е многу поевтин, така што не ни се потребни многу пари. Во Германија добиваш повеќе пари, но мораш да плаќаш за повеќе работи, што овде не е случај„ вели Кристина

Таа го напуштила нејзиното мало родно место во Баварија и започнала да работи за да обезбеди пари за школување:

„ Не морате со години да штедите за да имате убав долг одмор во Индија. Вие всушност можете да работите овде, да бидете во контакт со луѓето. На тој начин многу подобро ќе ја запознаете нивната култура откако да дојдете на неколку недели на организиран туристички престој„

Се повеќе германци го гледаат својот живот далеку од својот дом, заради вработувањето, образованието и семејни прашања, вели Јирген Шуп. Тој и неговите колеги често учествуваат во анкети во врска со намерите за заминувањето од земјата.

„ Околу два процента од нашата популација планираат да заминат во наредните 12 месеци. Тоа е многу висок процент„ вели Шуп

Но сепак тоа не значи дека сите овие германци тоа и ќе го направат. Некои од нив одлучуваат да учествуваат во едно од повеќето шоуа со емигрантски теми кои се емитуваат на германските телевизии. Емисиите како "Mојот нов живот" го покажуваат успехот и неуспехот на луѓето кои емигрираат во потрага за подобри можности. Шоуто „Мојата нова работа„ дава можност да се бориш за позиција преку океаните.

Одлив на мозоци

Ваквите приказни можеби и прават добро на телевизијата, но во реалноста, загубата на доктори, наставници и вешти луѓе може да значи помалку пари од данок и потенцијален „брејн дрејн„ одлив на мозоци. Јирген Шуо вели дека ова не се најголемите грижи на Германија:

Frau mit Koffer Symbolbild Reise Immigration
Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Ќе има проблеми за 20 години, иако во некои делови тие веќе започнаа. Дури и Германија бара високо квалификувани луѓе во одрдени области каде веќе има недостиг на работници. Мислам дека ваквиот начин на размена е добра работа и ќе ги поттикне политичарите да пронајдат нови солуции„

Емигрирањето има и позитивни страни

Некои ја гледаат и позитивната страна на емигрирањето. На пример Шуп смета дека луѓето ќе останат само неколку години во странство и ќе го пренесат своето искуство врз германците како позитивна страна на глобализацијата:

„ Се додека има германци кои живеат во други земји, ќе има поврзување. Тие исто така ја пренесуваат сликата на светот. Што има лошо во тоа?

Шуп е оптимист дека германското емигрантско искуство како странци во странска држава ќе го засили нивото на толеранцијата и интересот за културните разлики во се` поразновидната Германија. Германците како Хорн и Херманс кога ќе се вратат, или кога би се решиле да се вратат, ќе придонесат за нови квалификации и експерти за нивната земја која се менува.