1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски фирми во „клубот на најскапите“

ЖА/дв/дпа/ртре27 декември 2013

Шест германски претпријатија се меѓу 100-те компании со најголема пазарна вредност во светот. Во 2013. година нивната берзанска вредност пораснала за една четвртина. На врвот на табелата и натаму се американски фирми.

https://p.dw.com/p/1AhPe
Фотографија: AP

„Ова значи враќање на Германија на светските берзи“, гласи коментарот на аналитичарите на консалтинг-фирмата Ернст&Јанг по објавувањето на студијата. Студијата содржи пресметки и споредби на берзанската вредност на најголемите светски компании. И натаму на листата во светот водат американски фирми, на чело со Епл со 489,9 милијарди долари берзанска вредност, втор е Екскон со берзанска вредност од 434,4 милијарди долари. Меѓу топ-стотте се вкупно 47 компании од САД, 11 од Велика Британија и девет од Кина и Хонгконг. Но, меѓу 100-те најскапи компании во светот се и шест германски, една повеќе во однос на лани. Најскап германски концерн е Фолксваген, според студијата со берзанска вредност од 122 милијарди долари тој е на 51. место во светот. На листата се и Сименс на 53, Бајер на 58. место, а нешто подолу рангирани се САП - 63, БАСФ - 73. и Дајмлер - на 88. место меѓу 100 најскапи фирми.