Германски топ десет
21 декември 20091. Aura Dione - I Will Love You Monday
Данската пејачка и гитарист не се стеснува да го покаже детето во себе - преку шарената облека, невообичаените текстови, опуштената музика и екстравагантните живи настапи. Во спотот за темата I Will Love You Monday не само што ги натера и чевлите да запеат, туку е на добар пат да го зголеми клубот на обожаватели.
2. Black Eyed Peas - Meet Me Halfway
3. Ich+Ich - Pflaster
Двеипол години траеше креативната пауза на дуото Ich+Ich, составено од Adel Tawil и Annette Humpe, а во овој период тие пишувале материјал, кој подоцна го развивале и го снимале во сопственото студио. Така се роди третиот носач на звук, насловен Gute Reise.
4. Lady Gaga - Bad Romance
Оваа 2009 дефинитивно беше година на Lady GaGa - деби албумот The Fame се продаде во повеќе од четири милиони копии ширум светот, а во Германија цели 31 недела беше меѓу најпродаваните дваесет на албумската листа. Новиот сингл Bad Romance, е дел од новиот материјал објавен на новиот тираж од нејзиниот албум, овојпат насловен The Fame Monster.
5. Rihanna - Russian Roulette
6. Gossip - Heavy Cross
7. OneRepublic - Secrets
Синглот Apologize во 2007 година ги освои првите места на листите во 16 земји. По две години OneRepublic имаат нов албум, Waking Up, а од него синглот Secrets се пласира на седмото место. Освен на новиот албум, оваа песна се најде и на саундтракот за новиот филм на еден од најуспешните германски актери на денешницата, Тил Швајгер.
8. Culcha Candela - Monsta
9. Timbaland feat. Nelly Furtado & SoShy - Morning After Dark
На новиот албум, Timbaland соработува со многу познати музички ѕвезди, но и со досега непознати изведувачи, каков што е случајот со SoShy. Сепак, пејачката со француско-американско потекло не е толку неискусна во музичкиот бизнис. Освен пеењето, таа се проби и како композитор. Малкумина знаат дека токму таа стои зад синглот Strike The Match на германското женско трио Monrose.
10. Xavier Naidoo - Alles kann besser werden
По цели четири години од објавувањето на неговиот последен соло-проект, Telegramm für X, Xavier Naidoo се враќа на музичката сцена и тоа не со еден, не со два, туку со три албуми. Пејачот, познат по неговара разнобојност и креативност, реши сите триесет нови песни да ги подели по тематика и расположение и да ги смести на троен албум, кој во продажба излезе минатиот месец.
Извор: Мedia control GfK International GmbH