Германски топ десет
20 февруари 2009Германскиот топ десет за неделава изгледа вака:
1. James Morrison ft. Nelly Furtado - "Broken Strings"
2. Mando Diao - "Dance with Somebody"
Шведскиот состав Mando Diao досега имаат издадено пет студиски албуми, а "Dance with Somebody" е темата што ја најави плочата „Give me fire“, издадена на 13. февруари.
3. Eisblume - "Eisblumen"
4. Katy Perry - "Hot n Cold"
5. Polarkreis 18 - "Allein allein"
6. The Killers - "Human"
7. Cassandra Steen - "Darum leben wir"
Германката Касандра Штен, која е голема љубителка на оперски арии, веќе со 14 години почнала да посетува часови по соло пеење. Со седумнаесет години преминува во друга музичка насока - станува член на германскиот рап-состав „Фројндескрајс“. Потоа следува неколку неуспешни години за пејачката, но во 2001 година конечно успева да го издаде првиот хит-сингл, кој на германската листа се искачи до петтата позиција. Оваа година 29-годишната пејачка го издаде соло албумт „Darum leben wir“. Нејзиниот нежен глас со соул примеси ги освои фановите ширум земјата и го донесе синглот „Darum leben wir“ на седмата позиција.
8. Rihanna - "Rehab"
Пејачката од Карибите и нејзиното момче, раперот Крис Брау, деновиве беа во фокусот на јавноста поради јавната кавга, која за Ријана заврши трагично - беше пренесена во болница поради ударите што ги доби од нејзиното момче. Во прес-конференцијата по инцидентот, Крис Браун изрази жалење за неговото однесување, со ветување дека вакво нешто нема да му се повтори. Можеби токму поради ова причина, Ријана е се` уште меѓу најдобрите десет во Германија.
9. Die Zipfelbuben - "Hier im Dschungel"
10. Pink - "Sober"
Од новитетите ги издвојуваме:
37. Kanye West - "Heartless"
Meѓу овонеделните новитети на германската листа е и американскиот рапер, пејач и продуцент кој во неговата неколку годишна кариера има освоено ни помалку ни повеќе - туку десет греми награди. Kanye West во 2002 година преживеа тешка сообраќајна несреќа, но само неколку месеци подоцна го издаде синглот „Through The Wire“. Потоа, Kanye West работеше уште понапорно - но затоа и не мораше долго да чека на меѓународен успех. Неговиот нов албум, „808's & Heartbreak“, беше издаден кон крајот на минатата година и повторно се искачи на првата позиција на албумските листи. По „Love Locked Down“, „Heartless“ е вториот официјален сингл од албумот.
56. The Rasmus - "Justify"
Финскиот рок-бенд The Rasmus е формиран во 1994 година, и како и повеќето млади состави, на почетокот се собирале и вежбале по гаражи. Така беше се` до првиот настап во нивното училиште во Хелсинки, а една година подоцна го издаваат и деби-синглот „First“. Во меѓувреме, бројот на членови се зголеми на четворица, а минатата година го издадоа осмиот албум во нивната кариера, насловен како „Black Roses“. Од него, синглот „Justify“ оваа недела влегува на германскиот топ-сто на местото 56.