1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

25 април 2011

И покрај велигденските празници, вапсањето јајца и одењето в црква, купувачите на музика во Германија ниту неделава не заборавија на својата омилена активност и неделава повторно ја составија новата топ листа.

https://p.dw.com/p/113TV
Caro Emerald, новата сензација од ХоландијаФотографија: picture alliance/dpa

1. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

Jennifer Lopez доживува ренесанса во музичката кариера со успехот на синглот On The Floor. Веќе втора недела по ред се наоѓа на врвот на германската сингловска листа. Taa неодамна во Лос Анџелес го претстави и својот нов албум, Love.


2. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Синглот Sweat оригинално беше издаден во деведесеттите години, кога Snoop Dogg беше во цутот на својата популарност. Десетина години подоцна, диџејот-магеоничар David Guetta повторно го претвора во сингл што може да ги освои топ листите.


3. S & M - Rihanna

Нови шпекулации од светот на познатите: наводно Rihanna и Usher се најновата двојка од соништата. Иако двајцата музичари демантираат дека нивниот однос прераснал во нешто повеќе од пријателство, очевидци го тврдат токму спротивното.

Flash-Galerie Brit Awards 2011
Rihanna и Usher заедно? Така барем тврдат очевидциФотографија: AP


4. Grenade - Bruno Mars

Минатата година Bruno Mars беше вовлечен во скандал со кокаин, но тоа не беше никаква пречка за годинава да се најде на листата од сто најмоќни луѓе на планетата. Но, вистинското изненадување на листата е 17-годишниот Justin Bieber, кој музичката кариера ја почна благодарение на порталот Youtube.


5. A Night Like This - Caro Emerald

Новата поп-сензација од Холандија, така ја нарекуваат Caro Emerald, која успешно ја реинкарнира џез-музиката од педесеттите години. И додека во Германија неделава успеа да се искачи само до петтото место, во соседна Австрија таа веќе го освои врвот на официјалната сингловска листа.


6. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

финскиот состав Sunrise Avenue брои вкупно пет члена, а нивниот стил варира од порокерски (Forever Yours) до понежни балади (Heal me). Најголемиот успех досега го постигнаа со синглот Fairytale Gone Bad, кој се искачи на врвот на топ-листите во неколку држави и се` уште е една од нивните најпознати песни.


7. You and Me (In my Pocket) - Milow

Во 2004 година Milow се пријавил на шоу за таленти и влегол дури меѓу најдобрите десет. Сепак, вистинскиот пробив го направи на своја рака, благодарение кавер-верзијата на синглот Ayo Technology. Белгиецот вели дека денес не е голем фан на таквите телевизиски формати, бидејќи победниците немаат шанса да се развиваат во онаа насока, во која тие сакаат.


8. Born This Way - Lady Gaga

По големиот успех што го постигна како храбра пејачка, која им дава кураж на своите фанови, Lady Gaga почнува да ги открива и слабите страни од својот карактер. Во документарниот филм за неа, што се снима зад сцената за време на нејзината турнеја, Gaga признава дека секое утро мора да си каже себеси дека е ѕвезда, со цел да го издржи целиот притисок.

Grammy Awards Los Angeles 2011 Flash-Galerie
„Морам секој ден да си кажувам дека сум ѕвезда“, признава Lady GagaФотографија: AP


9. Yeah 3X - Chris Brown

Chris Brown неодамна настапи во австралијанскиот град Аделаида - натан што сопственикот на еден ноќен клуб не сакал да го испушти. Наводно тој му платил меѓу пет и десет илјади долари на младиот рапер, со цел неговата афтер-парти да се одржи во ноќниот клуб. Се чини дека парите биле добра инвестиција, со оглед на тоа што местото било преполно со гости, невообичаено за среда навечер.


10. E.T. - Katy Perry

Името на Katy Perry во последно време време се` почесто се наоѓа во таблоидите, но не толку поради музичката кариера, колку поради нејзиниот приватен живот. Веќе од поодамна се шушка дека бракот со Russel Brand стои на лабави нозе. Двојката се венча минатата година.

Автор: Мedia Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Симе Недевски