1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

18 април 2011

Нема новитети меѓу најдобрите десет на германската сингловска листа, но затоа неколку песни бележат голем скок во продажбата, во однос на минатата недела. Дали некој од нив успеа да го симне Bruno Mars од врвот?

https://p.dw.com/p/10vJ8
JLo првпат шампион во ГерманијаФотографија: AP

1. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

На Jennifer Lopez и` успеа првпат во музичката кариера да го освои врвот на германската сингловска листа. Покрај тоа, On The Floor моментално е еден од најголемите во Европа. Иако JLo признава дека не знае да танцува ламбада, за песната е искористен семпл од осумдесеттите, а освен англиска има и шпанска верзија.

2. S&M - Rihanna

По вербалната расправија на Twitter, Rihanna и Britney Spears ги закопаа воените секири и снимија ремикс на темата S&M, каде во втората строфа се појавува Britney. Таа, пак, во меѓувреме повторно бележи успех во САД со новиот синлг Till The World Ends. Засега во Германија поминува релативно незабележано.

3. Grenade - Bruno Mars

Додека неговите хитови ги освојуваат топ-листите ширум светот, Bruno Mars не заборава ниту на добротворната работа. Неговиот сингл Talkin To The Moon се најде на компилацијата Songs For Japan, а средствата од продажбата на албумот ќе отидат на сметката на јапонскиот црвен крст.

4. Born This Way - Lady Gaga

На крајот од следниот месец треба да се појави вториот студиски албум на Lady Gaga, исто така насловен Born This Way, а таа во меѓувреме го објави и вториот сингл од албумот, Judas. Тој веќе предизвика жестоки дискусии во САД, со оглед на контроверзниот текст и безмалку совпаѓањето на издавањето со еден од најголемите христијански празници, Велигден. Коинциденција? Кога е Lady Gaga во прашање - тешко е да се поверува.

Deutschland Kunst Ausstellung Köln The Art of Pop Video Flash-Galerie
Контроверзии околу новиот сингл на Gaga уште пред неговото издавањеФотографија: Universal

5. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

Додека новите политички случувања во нивната татковина, Финска, можат да му зададат дополнителни главоболки на Брисел, како утеха доаѓаат момците од составот Sunrise Avenue. Тие се еден од најуспешните фински музички извози во последните години, а во скандинавската држава го држат и рекордот во најпродадени албуми. И во Германија третиот носач на звук на Sunrise Avenue, албумот Out Of Style, се најде меѓу десетте најпродавани.

6. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Snoop Dogg во моментов работи на промоција на својот 11 студиски албум, Doggumentary, а соработката со David Guetta се случила откако францускиот диџеј во една прилика му кажал колку му се допаѓа песната Sweat и оти би сакал да направи ремикс. Резултатот од нивната соработка исто така ќе биде вклучен на новиот албум на раперот.

7. Yeah 3x - Chris Brown

Chris Brown минатата недела се соочи со непријатно интервју на американската телевизија АВС. Тој, всушност, сакаше да го промовира новиот албум F.A.M.E., меѓутоа водителката многу повеќе се интересираше за настанот од пред две години, кога Brown крвнички ја претепа тогашната девојка Rihanna. Иако пред камерите ја задржа контролата, раперот збеснал кога завршило снимањето, зборуваат очевидци.

Chris Brown FLASH Galerie
Пред камера смирен, но зад кулисите го покажува вистинското лице - Chris BrownФотографија: AP

8. You and Me (In my Pocket) - Milow

Новиот албум на Milow е насловен North And South, а инспирацијата доаѓа од актуелната политичка ситуација во неговата татковина, Белгија. Таму со години траат кавгите меѓу јужниот и северниот дел од земјата. Milow исто така вели дека на новата плоча сакал да го нагласи контрастот меѓу акустичната и електро-музика, застапен на неговите синглови.

9. Rolling In the Deep - Adele

Иако на музички план не може да биде подобро за Adele, се чини дека во љубовта не ја прати среќата. Во изминатите неколку месеци изгледаше дека 22-годишната Adele конечно има нов човек во својот живот, но наеднаш врската е раскината. „Не ме сакаше толку многу, колку што јас го сакав него“, објаснила Adele за News Of The World.

10. E.T. - Katy Perry

Се наближува ли нова брачна криза кај парот Katy Perry - Russel Brand? Актерот и сопруг на популарната пејачка наводно е многу лут, бидејќи многу ретко ја гледа Katy и таа постојано се опивала на журките, доколку тој не е покрај неа. Дали можеби има проблем со алкохолот?

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Горан Чутаноски