1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски тенкoви за Катар?

ЖА/дв/дпа/ртре/шпигел29 јули 2012

Катар наводно сака да купи околу 200 германски тенкови „Леопард 2“. Зделката би била вредна неполни две милијарди евра. Владата и министерството за стопанство не се против зделката.

https://p.dw.com/p/15g83
Фотографија: picture-alliance/dpa/Krauss-Maffei Wegmann

По Саудиска Арабија и Индонезија, се га и заливскиот емират Катар според информации на магазинот „Шпигел“ има голем интерес за германските тенкови. Пред неколку недели за таа цел делегација на фирмата за производство оружје Краус Мафаи била во Доха за да ги договори деталите.

Кабинетот на канцеларката зделката ја смета за реална

Но, во надлежниот Совет за безбедност се‘уште не е дискутирана темата за намерите на Катар со тенковите. Според „Шпигел“,меѓутоа, кабинетот на канцеларката Ангела Меркел и министерството за стопанство оваа зделка ја сметаат за реална. Катар со своите големи резерви на гас се вбројува во една од најбогатите држави во светот. Моментно оваа земја ги поддржува сириските бунтовници со пратки оружје.

Тајни бизниси во Индонезија?

Пред околу две недели канцеларката Ангела Меркел при посетата на Индонезија беше доведена во незгодно, откако беше објавен интересот на владата во Џакарта за купување стотина користени тенкви „Леопард 2“. Весникот „Џакарта пост“ објави-првите 15 тенкови, сопственост на Бундесверот, треба да бидат испорачани во октомври. Меркел не коментираше, индинезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно индиректно го потврди барањето до германската влада.

Германскиот владин кабинет со месеци молчи во врска со можниот милијарди тежок дил за продажба на оружје на Саудиска Арабија. Исламското кралство би сакало да купи 270 најмодерни тенкви „Леопард 2“. Германската опозиција е против извоз на воено оружје за Саудијците со оглед на тамошните кршења на човековите права.

Поради посебните односи со Израел, за германските влади досега беше незамислива продажба на оружје на држави на Арапскиот полуостров.