1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски реакции на локалните избори во Македонија

14 март 2005

Позитивен знак за добар развој на демократијата

https://p.dw.com/p/AcGl
Фотографија: AP

Политички Берлин, без поголема возбуденост ги проследи локалните избори во Македонија. Создавањето на локалните власти според новата регулатиува за децентрализација, минатата недела од говорницата на Бундестагот беше оквалификувана како тест за Македонија. Денес, пак, парламентарците кои се задолжени за Македонија на барање на Дојче Веле изборите ги коментираат како позитивни и значајни за имплементирањето на Охридскиот договор и патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

"Наспроти контроверзата која му претходеше на Законот за децентрализација, сметам дека одгласот на избирачите е задоволителен.Конечните резултати се уште не ги знаеме ,но фактот дека освен мали неправилности се одеше добро е позитивен знак дека лугето со нивниот глас сакаат да придонесат за заедничкиот состав на општинските совети, каде би де власдеело според нивната желба.Тоа е еден знак дека демократијата се стабилизира" - вели Ута Цапф од фракцијата на социјалдемократите во Бундестагот која дополнива дека " ова е позитивен знак за добар демократски развој и имплементациоја на Охридскиот договор што за Македонија може да имаат само позитивно влијание".

За Андреас Хохеншоф, пратеник од фракцијата на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот учеството од 5о проценти е во ред.Тој ја изрази надежта дека в среда резултатите ке бидат прифатени од сите учесници на изборите. Според него, локалните избори се последната етапа од импелемнтацијата на Охридскиот договор и предуслов за натамошно доближување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

"Најпрво сметам дека е добро што се одржаа локалните избори и што има мал број нерегуларности - само во три изборни единици. Важно е што со овие избори ке се примени Охридскиот договор. Што се однесува до малиот одглас од 50 проценти кој е разочарувачки , сметам дека тоа го има и во другите земји зашто многу луге ваквите избори не ги земаат за сериозно.

Треба да ги почекаме официјалните резултати од кои би можеле да повлечеме политички консеквенци, но е значајно што локалните избори се оддржаа, што во целост минаа мирно и се придонес во нормализирањето на демократските процеси во Македонија - вели либералот Рајнер Штинер.

"Со оглед што не чув нешто спротивно, и покрај малото учество - изборите се успех, зашто беа мирни, беа последна етапа од мировниот договор и значаен чекор во насока на демократизација и Европа - коментира и Мариане Триц од партијата Сојуз Зелени.

Германското сојузнно министерство не ги коментира локалните избори во ниедна земја, па така ни во Македонија. Неколкуте евидентирани случаи на нерегуларност, како што неофицијално наведуваат нашите извори, не се лоша работа и покажуваат дека во Македонија функционираат демократските механизми кои неправилностите ги регистрираат.