Германски двоен триумф на триатлонот на Хаваи
17 октомври 2004Норман Штадлер и Нина Крафт со тоа им го донесоа на германските триатлонци најголемиот успех во историјата на оваа тешка дисциплина, што не без причина го носи и името “челични мажи и жени“.
3,8-те км пливање во водите на Тихиот океан за многумина почетници претставуваат прво соочување со големиот и реален страв од ајкули. Потоа следи возење велосиперд и тоа цели 180 км, за на крајот веќе изморените спортисти да ги дочека маратонот од преку 42 км и тоа по врелите полиња со лава на големиот остров на Хаваи. На 33-годишниот Норман Штадлер овој пат му требаа 8 часа и 33 минути, што беа и повеќе од доволни, бидејќи второпласираниот Петер Рајд од Швајцарија, кој е и минатогодишен победник на триатлонот, стаса дури 10 минути и 11 секунди подоцна.
По трката Штадлер изјави:
“Едноставно гигантски и толку многу се радувам на утрешното прогласување на побединиците, кога ќе се искачам на највисокото место. За оваа победа сонувам веќе цели 17 години и сега никој не може да ми го одземе успехот“ - нагласи Штадлер, кој прво неколку минути им даде одишка на солзите радосници во прегратката не неговата сопруга.
И 35-годишната Нина Крафт успеа овој пат да ја остави на второто место трајната ривалка од Швајцарија, Наташа Бадман. Запрашана по трката дали сфаќа што и пошло од рака, таа изјави дека искрено речено уште не и е јасно. Инвестирав толку многу време и труд во подгтовките и сега прво морам да пуштам се да се стивне:
“Денеска беше многу, многу тешко. Мислам дека ова беше најтешката трка во целиот мој живот!“