1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските фирми претпазливо ја откриваат Африка

Сабине Кинкарц/ Симе Недевски18 март 2013

Нафта, гас, бакар, бронза- Африка располага со огромно богатство суровини. Тоа се позасилено ги привлекува и германските фирми кои сакаат да водат бизнис на континентот со нестабилна безбедносно-политичка клима.

https://p.dw.com/p/17zcI
Фотографија: picture-alliance/dpa

Африка досега на странските инвеститори им беше занимлива исклучиво поради природните ресурси. Тоа пред се’ го воочија Кинезите. Но сега и Германците го откриваат „црниот континент“ како регион во кој може да се заработи.

На крајниот север и на крајниот југ на африканскиот континент германските фирми се одамна присутни. Традицијата на економски зделки со Јужноафриканската Република и со земјите од Магреб е долга и плодна. Но сето она што се наоѓа меѓу овие два региона беше непознато за до неодамна најсилната извозна економија во светот. Но, полека но сигурно германските претприемачи ја откриваат Африка.

Кинезите градат, Германците контролираат

China Afrika Wirtschaft Plakat in Peking für wirtschaftliche Zusammenarbeit
Фотографија: AP

Бројот на германски фирми кои се активни во Африка за само една година порасна за три насто. Германија, позната по своите машини и автомобили во Африка извезува пред се’ услуги.

„Тоа се претпријатија кои на некој начин се поврзани со инвестициите во инфраструктурата и тоа пред се’ во советодавната област и во контролата на квалитетот“, вели Хајко Швидеровски од Германската трговска и стопанска комора.

Во Африка имено градат Кинезите, а Германците засилено се вклучени во контролата и инжинерингот. Кинезите со изградбата на инфраструктурната мрежа го „отплаќаат“ своето присуство и пристапот до природните ресурси во Африка. Но и Африканците во меѓувреме сфатија дека кога е во прашање контролата на квалитетот, треба да им се обратат на Германците. Затоа во моментов на многу места можат да се најдат проекти во чија реализација се вклучени сите три страни. Така на пример во со нафта и природен гас богатата Ангола. „Во последно време се се’ почести критиките на анголанските власти на сметка на квалитетот на она што ќе го изградат Кинезите. Затоа се’ почесто инфраструктурните проекти во земјата се пуштаат во употреба дури откако ќе добијат зелено светло од страна на германските контролори“, вели Швидеровски.

Соработка во пелени

Но, вкупниот обем на зделки кои германските фирми ги остваруваат во Африка е многу мал и изнесува само два насто од вкупниот германски бизнис. Од тие два насто, 40 проценти од зделките отпаѓаат само на Јужноафриканската Република. Светот , па така и Германија се повеќе ги откриваат и другите земји во Африка кои се обидуваат да создадат поволни услови за инвеститорите. Сите тие земји, како на пример Руанда или Танзанија, се обидуваат да привлечат вложувачи со своите природни богатства. Она што им појде од рака на водечките извозници на енергија, како Ангола и Нигерија треба да им успее и на помалите земји, веруваат во Германската трговска и стопанска комора. Но незадоволителнта безбедност и политичката нестабилност се фактори кои се’ уште ги одбиваат инвестициите во голем стил. Во нив се вбројуваат и т.н. „гринфилд“ инвестиции односно вложувања во производствени проекти.

Bauarbeiter in Jonhannesburg
Фотографија: AP

Но, пред некој од германските гиганти да се одлучи да гради погони во Африка,ситуацијата мора да се стабилизира и тоа не само на безбедносно-политички туку и на економски план. Германија својата шанса ја гледа и во погоните за преработка на природните богатства во самите земји на експлоатација. „Сите би имале полза од такво нешто“, заклучува Швидеровски.