1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските пензионери соочени со сиромаштија

БГ/дв2 септември 2012

Според проценките на Министерството за труд, од 2030. година просечниот пензионер ќе добива одвај 700 евра месечно, што е на ниво на социјална помош.

https://p.dw.com/p/162Ay
Фотографија: dapd

Ризикот, пензионерите да западнат во сиромаштија, е драстично поголем од она што досега се сметаше, соопшти германското министерство за труд. Локалните власти во Берлин пресметале дека од 2030. година, вработените кои заработуваат по 2.500 евра бруто месечно и имаат работен стаж од полни 35 години, ќе земаат само минимално гарантирана пензија од 688 евра месечно.

Дури и во ситуација, работниците да работат подолго од законскиот минимум, пензијата ќе им се зголеми само минимално.

Во писмо до помладите пратеници на владејачката коалиција во парламентот, министерката за труд Урсула фон дер Лајен алармира дека оние кои заработуваат помалку од 2.500 евра месечно, на денот на пензионирањето ќе мора да се упатат „директно во социјалната служба“.

Причина за стравувањата од осиромашување на пензионерите се реформите во пензискиот систем, според кои до 2030. година обемот на пензискиот фонд ќе опадне од сегашните 51 на 43 проценти од просечните нето плати.