Германските владини партии ги договорија идните задачи
21 август 2007Реклама
Лидерите на партиите коалициони партнери во германската влада одржаа средба во кабитентот на канцеларот Ангела Меркел на која ги договараа клучните точни во нивната работа до наредните парламентарни избори . Шефот на Социјалдемократската партија Курт Бек по 4 часовните разговори , извести дека бил постигнат напредок околу одредувањето најниска гаранатирана плата за вработените во постуслужните дејности . Претседателот на Христијанско Социјалната Унија Едмунд Штојбер пак изјави дека во иднина вработените ќе бидат позасилено вклучени во распределбата на добивката и капиталот на компаниите . На средбата учествуваа и канцеларката Меркел и вице-канцеларот Франц Минтеферинг .