1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот сојуз шокиран од корупцијата во ФИФА

БГ/дпа/сид15 јули 2012

Претседателот на германската фудбалска федерација изјави дека е шокиран од скандалот со поткуп кој ја разниша ФИФА, но уште повеќе од релаксираниот пристап на нејзиниот претседател Блатер.

https://p.dw.com/p/15Xzr
Фотографија: Reuters

Претседателот на германската фудбалска федерација ДФБ Волфганг Нирзбах вели дека тој и неговите колеги за разочарани и од корупцискиот скандал кој ја потресе ФИФА, но и од реакцијата на светската федерација на него.

„Говорам од името на целиот борд кога велам дека сме вознемирени. Ова е шокантно“, вели Нирзбах.

Долгодишните шпекулации за корупција во ФИФА излегоа на виделина откако суд во Швајцарија во средата нареди објавување на некои тајни документи.

„Овие нешта, кои со години кружеа како шпекулации, сега станаа официјални. Можете да ме сметате за наивен, но се до овој момент јас не верував дека е тоа можно“, вели Нирзбах.

Поранешниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж и неговиот зет и претседател на бразилската фудбалска федерација Рикардо Тешеира примиле мито во износ од десетици милиони долари поврзани со организација на светски првенства.

Brasilien Ehemalige FIFA Präsident Joao Havelange
Жоао АвеланжФотографија: dapd

Актелниот шеф на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека „не може да се суди за настани од минатото врз основа на денешни стандарди“. Внатрешните правила на ФИФА во тој период експлицитно не забранувале примање мито како што е тоа случај денеска.

„Јас сум исто толку шокиран од реакцијата на претседателот на ФИФА. Кога е јасно дека високи функционери на ФИФА заработувале нечесно, и потоа единствената реакција е дека тоа тогаш не било забрането, тогаш ние од ДФБ сакаме да се дистанцираме од таквата реакција“, вели Нирзбах.

Од друга страна, претседателот на германската фудбалска лига, Рајнард Раубал беше уште поостар од Нирзбах и побара оставка од Блатер.

„За да се случи реформа, во ФИФА е потребно да се почне одново“, рече Раубал.