Германскиот политички врв ќе го решава проблемот со невработеноста
14 март 2005Весникот Зидојче Цајтунг од Минхен со оптимизам ги исчекува претстојните разговори:
„Средбата би можела да успее доколку сите учесници се договорат за заедничката цел: донесување заклучоци околу мерките за отворање на нови работни места и зголемување на стапката на стопански пораст, што една од страните сама за себе не би можела да ги оствари. Тие притоа мора да се насочат на битните работи. На пример смисол би имала замената на досегашните прописи за спречувањето на давање отказ , со јасни одредби за исплата на отпремнините, како што тоа го бараат партите од опозиционата Унија“ – смета коментаторот на Зидојче Цајтунг.
Келнише Рундшау пак се сомнева во успехот на средбата:
„ Жителите на Сојузна Република Германија имаат сосема добро чувство за вистинските учиноци на големите настани, кои се проследени соголема помпа. Согласно на тоа искуство тие главно не веруваат дека состанокот на врвот околу политиката на вработување ќе вроди со заклучоци кои ќе го истапкаат патот за нови работни места. Таа прогноза секако не без никаква основа“ – сепак заклучува Келнише Рундшау.
Белински Тагесцајтунг е жесток во коментарот во кој ги изнесува своите очекувања од средбата:
„ Среќа е што барем избирачите останаа разбрани: според последната анкета дури 77 насто од германците не сметаат дека средбата ќе донесе каков било резултат. Најпосле набргу се одржуваат избори во Северна Рајна Вествалија , а со оглед дека ниту една од партиите нема вистински адут меѓу локалните кандидати, за исходот од гласањето според сите прогнози , ќе одлучи токму сојузната политика од Берлин. Притоа воопшто не е важно ќе вроди ли состанокот во кабинетот на канцеларот со нешто опипливо“ –песимистичен е коментаторот во Тагесцајтунг .
Втора тема во коментарите во денешниот германски печат е и предлогот на сојузната Влада за донесување на закон со кој менаџџерите ќе бидат обврзани да даваат изјава за висината на своите приходи. Ное Вестфелише Цајтунг од Билефелд за тоа пишува:
„ Објавата на висината на менаџерските приходи е воља на сојузната Влада. Нацртот на одговарачкиот закон го претстави сојузната министерка за правосудство Бригите Циприес, а долниот дом на парламентот нема право на приговор. Чудно е што за све одлучуваат пратениците во Бундестагот . Имено од каде потекнуваат или колкави се нивните хонорари . И една таква информација би била подеднакво важна во интерес на демократската контрола на власта“ – предлага Ное Вествелише Цајтунг.