1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Германската тајна служба се фокусира на Балканот

СН/ дв
28 ноември 2017

Германската разузнувачка служба засилено го врти вниманието кон „кревките држави“ на Западниот Балкан, особено кон Босна и Херцеговина со бројно муслиманско население.

https://p.dw.com/p/2oOaM
Bosnien und Herzegovina - Neue Moschee in Ilidza
Фотографија: DW/Z. Ljubas

Германската разузнавачка агенција (БНД) е сѐ повеќе загрижена за исламистичките тенденции во Босна и Херцеговина, објави денеска германскиот дневен весник Берлинер цајтунг, цитирајќи извори од разузнавачката заедница. Агенцијата, наводно, го свртува своето внимание кон целиот нестабилен балкански регион.

Со генерации, муслиманското население во мултиетничка Босна се придржува до многу либерална интерпретација на исламот. Оваа перспектива, исто така, беше засилена од страна на властите во секуларната поранешна Југославија, која ја вклучуваше Босна и Херцеговина заедно со уште шест други денешни балкански држави. Меѓутоа, религиозните поделби се разгореа за време на распадот на социјалистичката држава во 90-тите години од минатиот век, а оттогаш влијанието на религијата расте.

За време на војната, волонтери од различни земји од Блискиот Исток допатуваа на Балканот за да ги здружат силите со муслиманските Бошњаци. Многу од нив добија босански пасоши по војната и почнаа да регрутираат млади луѓе за нивната религиозна борба.

Propagandavideo IS Balkan
Фотографија: Propagandavideo Islamic State via Al Hayat/YouTube

Според извештајот на Берлинер Цајтунг, Саудиска Арабија и другите земји од Заливот инвестираат многу пари за да поттикнат многу построга, вахабистичка настава за сунитскиот ислам во босанското општество. Саудиските добротворни организации, исто така, вложуваат средства во изградба на места за богослужби, вклучувајќи ја и џамијата на кралот Фахд во Сараево, најголемата џамија на Балканот, во која доминираат вахабистите.

Кревки држави

Стотици луѓе од Босна, исто така, отпатуваа на Блискиот Исток за да се придружат во џихадистичките милиции во последните години, а слични случаи, исто така, се пријавени во други балкански држави со претежно муслиманско потекло, како што се Косово и Албанија. Според балканските медиуми, војната во Сирија привлекла голем број ветерани од југословенските војни кои заминале да се борат како платеници.

Друг проблем на државите, според Берлинер Цајтунг, е дека земјата беше дел од таканаречената Балканска рута за време на пристигнувањето на бегалците во 2015 година, во која повеќе од еден милион имигранти патуваа од Медитеранот низ Грција и натаму на север за да стигнат до богатите западноевропски земји.

Според извештајот, БНД , исто така, соработува со други разузнавачки служби во нивните активности поврзани со Балканот.

Пред две недели шефот на БНД, Бруно Кал, ја опиша Босна и неколку поранешни југословенски народи како потенцијални „кревки држави"