1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ќе го укине „мигрантско потекло“?

Петер Хиле
21 јануари 2021

Германија е доселеничка земја. Тоа е факт. Но, како земјата се носи со тоа? Со години се спори околу ова прашање. Експертски извештај дава предлози како би требало да изгледа доселеничкото општество.

https://p.dw.com/p/3oEMd
Deutschland 2016 | Vorbereitungskurs für Flüchtlinge
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Fischer

Веќе 15 години наназад статистичарите во Германија прашуваат за „мигрантско потекло”. Таква има оној кој не е од раѓање Германец. Но, дури и ако само мајката или таткото не биле Германци од самото раѓање важи дека имаш „доселеничка позадина”. Секој четврти Германец денес спаѓа во таа категорија. Ако се водиме според „Стручната комисија способност за интеграција” тоа наскоро би требало да се промени. 24 политичари и научници по налог на сојузната влада во комисијата две години дискутираа како Германија како доселеничко општество може да стане подобра. Вчера на канцеларката Ангела Меркел и' го предадоа финалниот извештај збогатен со стотици препораки за тоа што треба да се преземе. Една од нив е укинување на поимот „мигрантско потекло”.

Повеќе: Германија: Повеќе од четвртина од населението има мигрантско потекло

Чаглар: „Моите деца се Германци”

Наместо тоа во иднина треба да се користи терминологијата доселеници и нивните потомци, вели претседателката на комисијата, Дерија Чаглар. „Во мојот случај тоа ќе значи дека јас веќе не сум мигрант, туку едноставно ќерка на мигранти”. Чаглар, која е пратеник од редовите на Социјалдемократите во Берлин, вели дека таа самата не била доселеник, туку е родена во Германија. А, моите деца, кои според сегашната дефиниција уште имаат миграциско потекло, тогаш би биле само Германци”.

Deutschland Fachkommission Integrationsfähigkeit | Derja Caglar
Чаглар: Јас веќе не сум мигрант, туку едноставно ќерка на мигрантФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Специјалниот пратеник на сојузната влада за интеграција, Анет Видман-Мауц од Демохристијаните, го поддржува таквиот предлог. Поимот „миграциско потекло” сега веќе опфаќа многу различни групи, а од тоа страда и самата суштина, вели Видман-Мауц. „Дополнително на тоа: многу од тие 21 милиони лица не мислат дека тој поим ги отсликува нив”. Речиси секој трет со доселеничка позадина е фактички роден во Германија. Се чини како „никогаш да не припаѓаат 100% тука, како таа позадина секогаш да е во преден план”.

Повеќе#MeTwo: Расистичкото секојдневие на Германија

Меркел: „Грандиозен опус“

Во извештајот, на 240 страници се формулирани 14 клучни препораки. Се бара социјална политика за домување, поголемо постапување против расизам и криминал мотивиран од омраза, еднакви можности за образование и здравствена заштита. Во доселеничка земја како Германија интеграцијата е „долгорочна задача која ги засега сите“, се вели во извештајот. За дел од препораките на комисијата потребна е „упорност и долгорочна стратегија“, вели Чаглар. Кај други пак, “не треба да има толку многу прилагодување“. Германската канцеларка Ангела Меркел се заблагодари за „грандиозниот опус“ кој на политиката и' „дава многу стручно знаење“.

„Во мало место е тешко“

„Од големиот бран доселување од 2013 до 2015/16 секако произлегоа купишта задачи пред нас каде што ќе мора да се работи доста на интеграцијата”, вели Меркел. „Задачата - и тоа мора да се каже трезвено - во следните години нема да стане полесна, бидејќи со пандемијата западнавме во големи економски тензии”, додава таа. Кога една земја е во економски потешкотии, лицата кои во скоро време се доселиле, или оние кои имаат низок степен на квалификации, често се први на удар. „Затоа", вели Меркел, „во претстојните години ќе мора да ставиме силен акцент на темите интеграција и доселеништво за да не ни пропаднат постигнатите успеси”.

Повеќе: 

Се' повеќе доселеници паѓаат на тестот по германски јазик

Короната како шанса за интеграција и демократија

Под лупа на короната

Пандемијата покажа колку многу Германија е зависна од миграцијата, вели министерот за труд Хубертус Хајл при претставувањето на извештајот. „Тоа короната јасно го изнесе на виделина. Потребна ни е квалификувана стручна сила во многу области.“ Заради тоа мора да се подигне целиот потенцијал на квалификувана работна сила во земјата, рече Хајл. „Но, истовремено ни е потребно доселување на квалификувана работна сила од странство, пред се' од Европа и таканаречените трети земји. Не само во болниците и приватните домови за нега, туку тоа го гледаме и во градежништвото и многу други трговски дејности.“ На Германија и во иднина ќе и' бидат потребни умни глави и „силни раце“ и од други делови на светот, рече Хајл.

Deutschland Fachkommission Integrationsfähigkeit | Annette Widmann-Mauz und Angela Merkel
Видман-Мауц и канцеларката Меркел по средбата во Берлин Фотографија: Fabrizio Bensch/REUTERS

За тоа дека Германија е доселеничка земја веќе постои консензус во поголемиот дел од политиката, економијата и општеството. Во Бундестагот само АфД, најголемата опозициска партија, го доведува ова под прашање и сака големо ограничување на доселувањето. Но, и во експертската комисија на владата нема целосно единство во однос на прашањата за миграција и интеграција. Еден член со кавга ја напушти оваа комисија во есента 2020. Судирот на мислења се рефлектира и во „спротивставени мислења“ содржани во завршниот извештај. Тоа се гледа и преку примерот за новата терминологија „доселеници и нивните потомци“ со која одделни членови на комисијата не се баш среќни. Можеби „гломазниот” термин „мигрантско потекло“ и нема толку бргу да исчезне од секојдневниот говор.

„Не планирам да се враќам во БиХ“