1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Три лица тешко повредени во железничка несреќа

СН/ агенции
6 декември 2017

Тешка железничка несреќа се случи во близина на градот Диселдорф. Регионален воз удри во товарен воз, кој стоел на шините. Машиновозачот на патничкиот воз успеал да спречи покатастрофален судар.

https://p.dw.com/p/2opnF
Deutschland Zugunglück in Meerbusch
Фотографија: picture alliance/dpa/Freiwillige Feuerwehr Meerbusch/F. Mohr

По судирот на два воза во Мербуш, место близу Диселдорф, германската сојузна полиција повеќепати ги коригираше своите информации за бројот на повредени. Во патничкиот воз сериозно се повредени три патници, соопшти федералната полиција во доцните вечерни часови преку социјалната мрежа за кратки пораки Твитер. Уште 41 лице е полесно повредено.

Според Германската Железница (ДБ), регионалниот експресен воз број  7 со преку 150 патници удрил во товарен воз на ДБ Карго. Зошто товарниот воз имал запрено на својот на пат од Дилинден до Ротердам, не е познато.

Судир на возови кај Диселдорф

Во несреќата, предниот вагон на патничкиот воз беше подрастично оштетен, додека другите вагони излетаа од шините или останаа на шините, во голема мерка неоштетени .

„Голем тресок“

Несреќата  според портпаролка на ДБ се случила околу 19.30 часот по локално време во Мербуш-Остерат. Патниците зборуваа за „голем тресок" и нагло сопирање на возот. Очигледно, машиновозачот успеал да ја препознае пречката на шините и да спречи уште потежок судир. Тој ја употребил рачката за „целосно кочење", изјави Марсел Винтер, портпарол на компанија „Национален експрес", на која ѝ припаѓа регионалниот патнички воз.  Машиновозачот со тоа веројатно си го спасил сопствениот живот, и затоа што успеал навремено да ја напушти кабината непосредно пред судирот.

Deutschland Zugunglück in Meerbusch
Фотографија: picture alliance/dpa/D. Young

Бројни пожарникари си го пробија патот до оштетениот патнички воз откако претходно успеаја да воспостават контакт со патниците. Нивното спасување првично беше тешко, меѓутоа, по два часа, првите патници, како и повредениот машиновозач, можеа да го напуштат местото на несреќата.