Германија се надева на натамошен дијалог со Иран
5 април 2007Реклама
Германската влада по ослободувањето на британските војници се залага и за напредок во спорот околу иранската атомска програма.Германскиот министер за надворешни работи и претседавач со Советот на ЕУ Франк Валтер Штајнмаер изјави:
„Направен е почеток и јас се надевам дека тој ќе ја отвори вратата за натамошни решенија најдени преку соработка.“
Штајнмаер потенцираше дека резолуцијата на ОН против Иран содржи понуда за преговори.