Германија се бори со последиците од невремето
23 јуни 2017Невремето беснееше особено во Хамбург, Берлин, како и во покраините Долна Саксонија и Хесен. Поради големата бура, во прекин беше железничкиот сообраќај. И натаму се работи на ослободување на шините од паднати дрвја и повторно напојување со електрична енергија.
Во Улцен, Долна Саксонија, 50-годишен маж го загуби животот кога неговиот автомобил бил погоден од дрво. Во Гифхорн 83-годишна жена починала во судар со паднати стебла на автопатот.
Воздушниот сообраќај на аеродромите во Берлин, кој беше во прекин во текот на ноќта, денеска повторно се одвива. Сепак, се предупредува дека има доцнење на летовите.
Германската метеоролошка служба денеска ги повлече речиси сите предупредувања од невреме. Со невреме се смета само во јужна Баварија, каде не се исклучува и град.
Невремето во Германија стави крај на периодот на топло време со исклучително високи температури до 37 степени.