Германија протера сириски дипломати
10 декември 2012Германија протера четворица соработници на сириската амбасада во Берлин. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека тоа е јасен сигнал „дека ги редуцираме односите со режимот на Асад на апсолутен минимум“. Тој се надева во зацврстување на Националната коалиција на опозиционите групи во Сирија и што поскоро формирање „преодни организации способни да функционираат“. Сириските дипломати имаат рок до четврток да ја напуштат Германија.
Бунтовниците освоија воена база
Во меѓувреме исламистичка бригада освои командна централа на владините трупи во провинцијата Алепо. Активистите објавија видео снимки кои прикажуваат како борците на Ал-Носра-Фронтот и други исламистички групи ја преземаат во свои раце базата Шек-Сулејман во северозападниот дел на економската метропола Алепо. Веста ја соопшти сириската опозициона Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. На други снимки се гледа како бунтовниците возат со тенк кој го презеле од владините трупи. Репортер на новинската агенција АФП јави дека џихадистите го развиле своето црно знаме во внатрешноста на базата. Најголем дел од борците биле странци. Во судирите биле убиени еде војник и двајца бунтовници, а петмина војници наводно се заробени од напаѓачите, додека 140 успеале да избегаат.
Освојувањето на базата покажува дека сириските трупи очигледно трпат се‘ поголеми загуби. Во борбите во провинцијата Идлиб биле убиени шестмина војници на владините трупи. Борби се водат и околу градот Дамаск.