Германија поуспешна од Англија на новиот Вембли
23 август 2007Реклама
Германската фудбалска репрезентација и го нанесе првиот пораз на Англија на новиот стадион Вембли. Значително ослабениот тим на сојузниот селектор Јирген Лев победи на пријателскиот натпревар во Лондон со 2:1 На трибините меѓу 86-те илјади гледачи што го следеа натпреварот беа и германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Гордон Браун.