1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рот: По изборите, Бугарија да си ги исполни обврските во ЕУ

БГ
22 ноември 2021

Пред утрешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел, државниот министер во германското МНР Михаел Рот и порача на Софија дека е време за исполнување на обврските.

https://p.dw.com/p/43KcI
EU-Ministertreffen in Luxemburg
Михаел Рот на состанок на Советот за општи работи на ЕУ, октомври 2020Фотографија: Virginia Mayo/Reuters

Проширувањето на ЕУ е прашање на кредибилитетот на ЕУ, и важно е во тој дел и Бугарија да си ги исполни своите обврски, порачува државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи Михаел Рот.

Во вторник во Брисел се одржува Советот за општи работи на ЕУ на кој приоритетни се три теми: владеењето на правото во ЕУ, проширувањето, и односите со Велика Британија по Брегзит. 

„Кај темата проширувањето на ЕУ се работи за ништо помалку од веродостојноста на ЕУ на Западниот Балкан. Во светло на одржаните избори во Бугарија, сега е многу важно бугарското раководство да си ја исполни европската обврска и да го отвори патот за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија“, порачува Рот пред состанокот. 

Во Бугарија викендов беше заокружен изборниот процес со реизборот на Румен Радев за претседател на државата со нов мандат. 

Претходно, на третите парламентарни избори во земјата одржани годинава, победи движењето Продолжуваме со промената кое го предводат Кирил Петков и Асен Василев. 

Новата влада во Софија се уште не е формирана, но надежите во Скопје се дека тоа ќе се случи во наредните недели со што би се отворил патот за давање зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ на самитот закажан за 14 декември годинава.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема