Германија и Турција во обид да ги намалат тензиите
22 јуни 2013Германското министерство за надворешни работи во Белрин денеска (22.06.) соопшти дека министерот Гидо Вестервеле, на маригините на средбата за Сирија во Доха се сретна со неговиот турски колега Ахмед Давутоглу на подолг разговор на кој биле разменети мислења. Разговорот се одвивал во конструктивна и пријателска атмосфера. „Двајцата министри по точките на разговор, исто и за актуелните прашња за односите на ЕУ со Турција и билатералните односи имаа интензивна размена на мислења во духот на парнери и пријатели“, изјави портпарол на Вестервеле.
Меѓу Германија и Турција дојде до затегнување на односите поради однесувањето на турските сили за безбедност против демонстрантите. Притоа улога играше и прашањето - дали последниот развој би можел да ги закочи преговорите за пристап на Турција во Европската унија. По жестоката вербална размена на мислења изминатите денови двете влади вчера (21.06.) ги повикаа амбасадорите на разговор во Министерствата за надворешни работи, за да изразат незадоволство.
Канцеларката Ангела Меркел ја потврди нејзината скепса во однос на првично за идната недела планиранто отворање на нова глава во преговорите за пристап на Турција. Поради германската позиција по ова прашање се разгоре билатералниот конфликт. Владата во Анкара ја обвинува Германија дека се обидува да го одложи отворањето на нова глава за преговорите поради незаволство за полициското насилство при масовните протести во Турција. Германија напротив аргументира дека се работи за технички причини. В понеделник во Брисел ќе продолжат советувањата за отворање на главата.
Протести во Келн
Во Келн денеска демонстрираа меѓу 30.000 и 40.000 луѓе против премиерот Реџеп Таип Ердоган. Оние кои се обратија пред масата демонстранти побараа оставка на Ердоган и нови избори. На транспарентите кои ги носеа демонстрантите пишуваше „Ердоган, волк во крзно од овца“. Манифестацијата во Келн се одржа под мотото „Таксим е насекаде“. Според полицијата во Келн, демонстрациите во градот минале мирно.