1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Полска финалисти на светското првенство во ракомет

2 февруари 2007

Во двата трилер полуфинални натпревара во Келн и Хамбург, двете репрезентации дури по две продолженија обезбедија пласман во големото финале.

https://p.dw.com/p/Aegk
Фотографија: AP

80 минутната драма во арената во Келн заврши на најдобар можен начин за германската репрезентација и 19. 000 публика која долго во ноќта ја прославуваше големата победа на своите миленици. 32:31 е конечниот резултат од извонредно драматичен натпревар со многу пресврти во кој германците дури на двапати буквално во последните секунди обезбедуваа продолженија. Јунак на мечот повторно беше, голманот Хенинг Фриц. Топката во последната секунда заврши токму во неговите раце по нападот на французите кои не успеаа да израмнат. Фриц е пресреќен:

„ Што да кажам? Двапати против Франција да победиш и тоа уште во еден ваков натпревар.... Мислам дека многу долго немавме оставрено две победи едно по друго против Франција. Пресреќен сум„

Задоволен е и тенерот Хајнер Бранд

„ Ако нешто ни беше јасно сигурно е тоа дека тие ќе играат агресивно со силна одбрана. Во некои фази можеби беа покосенквентни од нас малку побрутални а ние пак бевме повоздржани. Затоа во некои ситуации не изгледавме најдобро„

Одлична партија одигра и капитенот Маркус Баур:

„ Мислам дека на крајот имавме малку повеќе среќа. Тоа апсолутно и го заслуживме„

Холгер Гландорф е исто така радосен:

„ Ова што го постигнавме вечерва е едноставно супер„

За третата светска круна, по 1938 и 1978, Германија во недела ќе се бори против Полска. Во реприза на драмата од Келн Полска во Хамбург исто така по две продолженија ја совлада Данска со 34:31 и за прв пат обезбеди пласман во големото финале. Германците во недела ќе имаат одлична можност да им се реваншираат на пољаците за досега единствениот пораз на шампионатот, во прелиминарната рунда. Најголемиот успех на светските првенства Полска го оствари во 1982 исто така во Германија, кога ја освои бронзата.

Во борба за петто место на првенството ќе се сретнат Хрватска и Русија. Хрватите ја декласираа Шпанија со 35:27 . Русите беа подобри од Исланд 28:25