1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија, Италија и САД најуспешни во процесите против нацистичките злосторници

Александар Методијев/ап/бета25 јануари 2013

Центарот Симон Визентал ги рангираше Германија, Италија и САД како најуспешни земји во минатата година во истрагата и процесуирањето на нацистичките воени злосторства.

https://p.dw.com/p/17RCT
Фотографија: picture-alliance/dpa

Се работи за годишен извештај кој го покрива периодот од први април 2011-та до 31 март 2012-та и е објавен вчера. Во него се вели дека е регистрирано петкратно зголемување на обвиненијата споредено со претходниот извештај – од две на десет. Девет од тие обвиненија беа покренати во Италија, а едно во Германија.

Според податоците на Центарот Симон Визентал, од први април минатата година се покренати најмалку 1.138 истраги, во кои се вброени и првичните сослушувања. Тие се спроведени во десет држави, а со најголем број во Германија – 528. Во Полска биле направени 458 истраги, а во САД 74.

Намалени оценки им се дадени на 11 од 42 држави, кои биле предмет на истражувањето, а меѓу нив спаѓаат Австралија, Австрија, Канада, Естонија и Украина, поради нивниот недостаток од покренати обвиненија или изречени пресуди против одговорните за нацистичките злосторства.

Од балканските земји Центарот Симон Визентал ги опсервирал Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.