1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – заложници

21 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKPj

Радикално-исламските Талибанци се закануваат дека ќе ги убијат двајцата заложници Германци во Авганистан доколку владата во Кабул до денеска напладне не преземе чекори за почеток на преговори. Портпаролот а Талибанците, Јусуф Ахмади, изјави дека ултиматумот истекува денеска напладне. Талибанците бараат повлекување на германските трупи од Авганистан и ослободување на затворените Талибанци. Министерството за надворешни работи во Берлин изрази сомневање во можноста грабнатите Германци да се навистина во рацете на исламистите. За такво нешто нема недвосмислени докази, се вели во министерството.

Германската канцеларка Ангела Mеркел, во едно интервју ги отфрли барањата за повлекување на Бундесверот од Авганистан.