Геншер полни 80 години
21 март 2007Реклама
Ханс Дитрих Геншер, поранешниот министер за надворешни работи на Германија и претседател на германските либерали денеска го прославува својот 80 роденден. Геншер кој во својата кариера се наоѓаше на повеќе политички функции важеше за посредник меѓу истокот и западот. Политичарот чиј заштитен знак беше неговиот жолт пуловер ќе остане запаметен и по неговиот ангажман за обединувањето на Германија. Германскиот претседател Хорст Келер Геншер го нарече Геншер , патриот кој на светот гледал со прагматизам. На прославата на неговиот роденден денеска во Берлин ќе присуствуваат повеќе од 1000 гости од политиката, културата, уметноста.